Приштинска Коха: Србите имаат нова игра

Приштинскиот весник Коха диторе тврди дека Српска листа има план како ќе учествува на изборите за четирите општини, кои ги распиша косовскиот претседател Хашим Тачи.

Како што тврди весникот, Српска листа со свои кандидати ќе учествува на изборите за градоначалници на четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово, но новоизбраните градоначалници веднаш по потврдувањето на изборот ќе поднесат оставки, оценувајќи го тој план како „нова игра“ на Србите.

Претседателот на Косово Хашим Тачи за 19 мај годинава закажа избори за градоначалници на Северна Митровица, Звечане, Зубин Поток и Лепосавиќ, откако градоначалниците на тие општини во ноември минатата година поднесоа оставки во знак на незадоволство од воведувањето на царините на стоката од Србија и БиХ, како и поради апсењето на четворицата Срби осомничени за убиството на лидерот на Граѓанска иницијатива СДП ОЛивер Ивановиќ.

Претставници на Српска листа вчера во Белград се сретнаа со претседателот на Србија Александар Вучиќ и на таа средба беше договорено да учествуваат на изборите.

По состанокот Вучиќ кажа дека на Србите им порачал да не им дозволат на Албанците да ги изберат нивните претставници, а за одлуката за излегувањето од косовските институции, кажа да го причекаат крајот на неговите преговори на 29 и 30 април во Берлин, кога ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Повеќе би сакал да учествуваат, но тоа не зависи од мене“, кажа Вучиќ, наведувајќи дека тие самите треба да донесат одлука за учеството.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе