За планот на Германија и Франција

Приштинска Газета: Косово ќе го задржи територијалниот интегритет, Србија ќе има суверенитет над Србите и црквите

Франција и Германија на средбата во Берлин на крајот на месецот ќе претстават идеја за двоен суверенитет, пишува приштинска Газета експрес, повикувајќи се на неименувани извори.

Извор за приштинскиот весник изјавил дека станува збор за двоен суверенитет, дека Косово ќе го задржи територијалниот интегритет, но и дека Србија ќе има некаков суверенитет над Србите на Косово и над српските православни храмови.

Според тврдењата на изворот на Брисел, можно е Косово да пренесе дел од својот суверенитет на Брисел, а потоа и на Србија, за идејата да не звучи „премногу агресивно“.

„Спомнати се разни случаи низ светот како начин да им се угоди и на Косово и на Србија, но нештата не се едноставни“, изјавил неименуваниот извор.

Весникот наведува дека планот кој ќе го претстават германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон во Берлин на 29 април не вклучува територијално раздвојување.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе