Косово

Приштина забрани изборни митинзи на стадионот, ќе ја оштетеле тревата за натпреварите

Приштинскиот стадион Фадиљ Вокри нема да биде место на одржување на завршните предизборни митинзи, рече градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети.

Ахмети на Фејсбук напиша дека ваквите собири ќе ѝ наштетат на тревата на стадионот и дека тоа е неприфатливо, особено со оглед на претстојните натпревари што косовската фудбалска репрезентација ќе ги игра во наредните десетина дена, пренесува порталот Косово онлајн.

„Знаеме дека на 10 октомври Косово ќе одигра пријателски натпревар со Гибралтар, а четири дена подоцна, квалификациски натпревар со Црна Гора“, напиша Ахмети.

Кампањата за предвремените парламентарни избори завршува на 4 октомври, додека денот на изборите е недела, 6 октомври.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе