Приштина: За ништо не смее да се разговара без признавање на косовската независност

Еден од кандидатите за косовски премиер Фатмир Љимај изјави дека дијалогот со Србија ќе биде најголемиот проблем на идната косовска влада.

Тој истакна дека за ништо не смее да се разговара без признавање на косовската независност, пренесува Косово онлајн.

Љимај, кој е и претседател на Социјалдемократската иницијатива, во рамки на платформа на теа „Конечниот договор Косово-Србија“ кажа дека најголемиот проблем  кој стои пред следната влада ќе биде дијалогот со Србија.

Според Љимај, интересот на Косово е да се затвори тоа поглавје со Србија и додаде дека конечниот договор на Косово ќе му донесе економски развој.

Истакна дека во моментов нема директни инвестиции на Косово бидејќи на Косово се гледа како потенцијално жариште на неизвесност.

Љимај истакна дека за ништо не смее да се разговара без признавање на Косово и додаде дека не треба да се цртаат граници.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе