Приштина: Србија да сопре со кампањата за повлекување на признавањата; Белград: Прво вие прекинете со лобирањето

Министерот за надворешни работи на приштинската влада во оставка побара од Србија на седница на Советот за безбедност на ОН да ја сопре кампањата за повлекување на признавањата на Косово.

Глаук Коњуфца побара од Србија да го почитува ставот на Меѓународниот суд на правдата, чиј став за легалноста на Косово токму Белград го побара – и го доби.

„Дијалогот со Србија не е за статусот на Косово, туку тоа е дијалог за поправање на односите меѓу двете земји, но (српскиот министер за надворешни работи Ивица) Дачиќ оди во некои земји, членки на ОН, тврдејќи дека дијалогот е разговор за статусот. Ги молиме Дачиќ и Србија веднаш да престанат со таа кампања“, кажа Коњуфца.

Тој кажа дека ситуацијата на Косово сега е поинаква отколку кога беше донесена Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и дека „дошло времето УНМИК да ја заврши својата мисија“.

Тој на седницата преку видео-конференција кажа дека односите со Белград остануваат тешки, но дека Приштина е уверена дека односите може да се подобрат само преку конструктивен дијалог кој, според него, треба да резултира со заемно признавање.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ на денешната видео-седница на Советот за безбдност кажа дека Белград се надева дека веднаш по завршувањето на пандемијата ќе бидат создадени услови за продолжување на дијалогот на Белград и Приштина.

„Од тоа нѐ дели само еден чекор на Приштина, а тоа е укинување на царините и таканаречените реципрочни мерки кои целосно негираат и поништуваат сѐ што постигнавме во дијалогот во Брисел од 2012 година до денес“, истакна Дачиќ.

Тој истакна дека доведувањето на антицивилизациските царини во врска со повлекувањата на признавањето на еднострано прогласената независност на Косово е неприфатливо, особено имајќи предвид, како што кажа, Приштина насекаде низ светот активно лобира за признавање на „таканареченото Косово“.

„Ако веќе од нас барате да прекинеме со кампањата за повлекување на признавањата, нели е логично најпрво вие да престанете да лобирате во корист на еднострано прогласената независност на Косово, а и тоа истото да го побарате од таканаречените косовски власти“, праша шефот на српската дипломатија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе