Приштина поставува услови, нема да седне да преговара со Белград без Вашингтон

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави изработка на нова платформа за дијалог со Белград, а условот за разговорите е на масата да седне и претставник на САД.

Како што пренесува порталот Коссев, платформата треба да ја подготви „косовската влада во консултации со експерти“, а ќе ја разгледа и оцени косовското собрание.

„Не можеме да продолжиме со дијалогот, ако Америка не е на масата“, изјави Харадинај во емисијата Рубикон на КТВ. Косовскиот премиер истакна и дека не се гледа себеси во овој дијалог.

„За да одиме по одржлив пат, се сложивме и со претседателот на државата и со претседателот на Собранието да се подготви платформа за дијалогот, која би ја изработила владата. Ќе се консултираме со експертите во кабинетот на претседателот и сите останати, и ќе треба да му ја проследиме на собранието“, кажа Харадинај.

Тој истакна дека Косово сѐ уште не ја разјаснило својата улога во досегашниот дијалог, како ни тоа што сака.

„Мора да расчистиме што сакаме, а не некој да дојде во парламентот и да нѐ изненади со договор. Тоа е ризично, а јас тоа не сакам да го правам“, кажа косовскиот премиер.

Тој себеси не се гледа во дијалогот бидејќи „тешко дека има потреба од нови улоги“ додека, како што истакна „има толку многу работа дома“.

„Но кој и да го претставува Косово, што во нашиот случај е претседателот, зошто мандат да нема и собранието?“, истакна Харадинај.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе