Пораки на делегациите

Приштина: Нема договор без признавање; Белград: Нема ултиматум

Шефот на експертската делегација на Косово во дијалогот со Србија, Скендер Хисени, изјави денес дека нема да има договор со Белград доколку „меѓусебното признавање“ не биде конечниот исход на дијалогот.

EPA-EFE

Тој по состанокот со претставниците на Белград во Брисел кажа дека се водени „тешки разговори“ за елементите кои на крајот, според него, ќе бидат дел од „сеопфатниот правно обврзувачки меѓународен договор“.

„Се работи на прецизниот јазик кој нема да дозволи никакво двосмислено толкување ниту јавни одредби“, изјави Хисени по средбата со делегацијата на Белград во Брисел.

На прашањето за претходните договори кои беа постигнати во рамки на дијалогот, шефот на косовската делегација наведе дека „сѐ останато му се подредува на ова што е „чадор“ кој ќе ги опфати сите елементи“.

Хисени повтори дека конечниот договор „мора да опфати и меѓусебно признавање“.

„Ако тоа не биде конечниот исход, тогаш нема да има ни договор. Или ќе се договориме за сѐ, или за ништо“, наведе Хисени.

Ѓуриќ: Со Србија не се разговара со ултиматуми

Марко Ѓуриќ, шефот на делегацијата на Србија во техничкиот дијалог на Белград и Приштина во Брисел порача по денешната рунда разговори дека со Србија не се разговара „со јазик на ултиматуми“.

„Нема ултиматум. Оној кој ќе се обиде такво нешто ќе добие јасна порака од шефот на српската држава, српската влада и српскиот народ, но секогаш сме спремни да разговараме за нормални односи“, кажа тој.

Ѓуриќ ги отфрли тврдењаа дека конечниот договор ќе опфати меѓусебно признавање.

Тој истакна дека разговорите нема да резултираат со независност на Косово туку дека се водат разговори за нормализација на односите во различни области на животот, и за тоа дека српската страна сака да постигне договор во иднина, сеопфатно или поединечно.

„Нема да резултира со тоа, но може да резултира со нормализација на односите, нормална трговија, школување, циркулација на сообраќајот, земјоделска соработка, економски раст за двете страни. Ако сте за такво нешто, Србија е секогаш спремна, но неојте да ги минирате преговорите со тоа што пред и по секој состанок поради домашната политичка јавност ќе изнесувате невистини за она за што се разговара“, кажа Ѓуриќ.

Тој кажа дека на состанокот побарал Приштина да престане со лагите за содржината на разговорите, и дека тоа директно му го кажал во лице на косовскиот преговарач Скендер Хисени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе