„Провокација и заплашување“

Приштина нема да му дозволи на Вучиќ да го посети Косово пред изборите

Советникот на министерот за надворешни работи на Косово Јетлир Зиберај изјави дека Косово нема да дозволи посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ пред предвремените избори кои се одржуваат на 6 октомври, јавуваат приштинските медиуми.

Тој на Фејсбук напиша дека изјавите на српскиот претседател дека за изборите ќе дојде на Косово се провокација и заплашување на Србите.

„Изјавата на претседателот на Србија Вучиќ дека сака да дојде на Косово пред изборите се провокација и заплашување на косовските Срби и не овозможува изборна кампања и чесно гласање за српската заедница“, напиша Зиберај.

Тој напиша и дека српското сценарио не би можело да влијае врз изборниот процес и да ги спречи граѓаните слободно да гласаат.

„Дневниот ред на Белград е познат. Нема да дозволиме ова белградско сценарио да влијае врз косовскиот изборен процес и да ги спречи нашите граѓани слободно да гласаат“, кажа советникот на шефот на косовската дипломатија.

На крајот Зиберај додаде дека на српските политичари „кои се непожелни личности на Косово нема да им биде дозволено да го посетат“.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека ќе го посети Косово во септември, што Приштина го гледа како тенденција на присилување на Србите да гласаат за Српска листа.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе