Како што наведува весникот, идниот премиер Аљбин Курти се нашол во тешка ситуација пред преземањето на функцијата, особено по средбата со турскиот амбасадор во Приштина, кога изјави дека одлуката за тоа каде ќе биде амбасадата ќе биде донесена откако ќе се прегледа документацијата на владата во заминување.
Косово на 1 февруари воспостави дипломатски односи со Израел и реши да ја отвори амбасадата во Ерусалим, со што би станала првата држава со мнозинско муслиманско население која го направила тоа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди претходно Приштина дека таквиот потег би можел да им наштети на идните односи на Анкара и Приштина.