Приштина: Идејата за Заедница на српски општини е мртва

Шефицата на косовската дипломатија Доника Гервала изјави дека предлогот за Заедница на српски општини на Косово е „мртов“.

Фото: ЕПА

Според неа, уставниот суд во Приштина утврдил дека 23 члена од договорот за ЗСО не се во согласност со косовскиот устав.

„Белград зборува за Заедница на српски општини, но овој предлог е мртов и не може да се оживее. Уставниот суд одлучи дека не може да дојде до формирање на ЗСО. Не може да се најде влада во демократскиот свет која е спремна да спроведе нешто што го крши нејзиниот устав“, кажа Гервала за естонскиот јавен сервис ЕРР.

Како што пренесува Репортери, за Гервала еднонационалното здружување, кое го бара Србија, е решение од 19 век, но додаде дека Приштина е спремна да разговара за правата на малцинствата ако официјален Белград се согласи да разговара на ист начин за албанското малцинство во Србија.

„За нас не е проблем на Србите да им ги дадеме истите права кои Србија им ги дава на своите малцинства. Во моментов им гарантираме поголеми права на малцинствата отколку кој било друг во регионот“, додаде таа.

Зборувајќи за барањето на Белград ЗСО да има извршни овластувања, Гервала како пример ја посочи Босна и Херцеговина, која, според неа, се претворила во нефункционална држава бидејќи српскиот ентитет Република Српска има извршна власт.

„Такво нешто нема да правиме на Косово. Правата на малцинствата се важни, ние сме мултиетничка земја, но давањето права кои ја парализираат нашата земја и ја прават нефункционална нема да се случи“, заклучи таа.

Белград: Договорот за ЗСО е мртов, а фашистичката идеја за голема Албанија не е

За изјавата на Гервала се огласи Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада.

„Најновата изјава на Доника Гервала дека Заедницата на српски општини е мртва ја покажува суштината на милитантната политика на (косовскиот премиер Аљбин) Курти кон Србите. Како тоа за Курти Бриселскиот договор е мртов, а не е мртва фашистичката идеја за голема Албанија. Ваквиот пристап на Приштина е прашање исклучиво за ЕУ и САД, бидејќи е јасно како ден дека Курти и изворот на сите проблеми на Косово, бидејќи тој е тој што кажува дека дијалогот е мртов.

Приштинските политичари упорно одбиваат да сфатат дека Заедницата на српски општини не е тема за реторички вежби и разгледувања, туку станува збор за јасна и недвосмислена обврска која Приштина ја презема во дијалогот со Белград“, се истакнува во соопштението на Канцеларијата за КиМ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе