Според приштински Зери

Приштина е загрижена од вклучувањето на големите сили во дијалогот со Белград, „особено е уплашена од Русија“

Директното учество на Германија, Франција и Соединетите Американски Држави во процесот на дијалогот на Белград и Приштина би можело да ја врати Русија во игра.

Како што пишува приштинскиот весник Зери, познавачите на политичките околности сметаат дека конечниот договор би можеле да произлезат привилегии за Србите, намалување на интересите на Косово и дестабилизација на Балканот под влијание на Русија.

„Дијалогот меѓу Косово и Србија можеби нема да заврши во форматот во кој почна пред осум години. Покрај официјален Брисел, некои други земји од ЕУ, како Германија и Франција, исто така бараат вклучување во дијалогот“, пишува Зери.

Весникот наведува дека именувањето на Метју Палмер за специјален претставник на САД за западниот Балкан се гледа како уште едне обид Америка директно да се вклучи во процесот на дијалогот, што би можело да поттикне уште еден „не баш позитивен потег за Косово“.

„Вклучувањето на овие држави во процесот на дијалогот не ги исклучува амбициите на Русија да учествува во дијалогот, од што Приштина е особено уплашена. Ова во Србија дури се смета за завршена работа“, заклучува Зери.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе