Приштина: Белград е оружје на Русија

Претседателката на Косово Вјоса Османи порача дека Белград продолжува „да ја следи политиката на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ“.

EPA-EFE

„И тоа така што стана оружје на Русија за дестабилизација на Косово и Западниот Балкан, со цел да ги уништи достигнувањата на САД од изминатите децении во регионот.

Таа оцени дека „косовската приказна е приказна за успех“, и тврди дека Приштина ја поддржуваат „нејзините најголеми сојузници, особено САД“.

„Кога зборуваме за Косово, главно зборуваме во контекст на војната. Некои луѓе во светот мислат дека војната на Косово почнала во 2011 година, кога почна дијалогот на Косово и Србија“, кажа Османи во Њујорк, на Институтот за надворешна политика на Универзитетот Џонс Хопкинс, пренесе Коха диторе.

Османи зборуваше и за, како што ја нарече, „деструктивната политика на Русија во регионот на Западниот Балкан“, тврдејќи дека „режимот во Србија го следи истиот менталитет, но со користење различни стратегии, обидувајќи се да создаде таканаречен српски свет“.

Таа ја обвини Русија дека има специфични интереси во регионот и дека тоа не е само дестабилизација на Косово, туку дека Москва сака да поништи сè што Вашингтон постигнал во последните три децении, а тоа, според неа, се стабилност и демократија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе