Принцот Вилијам: Светските умови треба да се фокусираат да се поправи ситуацијата на Земјата

Војводата од Кембриџ ја критикуваше трката за вселената и вселенскиот туризам, велејќи дека најголемите светски умови треба да се фокусираат на обидот да се поправи ситуацијата на Земјата.

Фото: ЕПА

Зборовите на Вилијам, во интервју за Би-би-си Њузкаст, беа емитувани еден ден откако неговиот имењак Вилијам Шатнер, икона на Ѕвездени патеки влезе во историјата со тоа што стана најстарата личност во универзумот.

90-годишниот актер, познат по улогата на капетан Кирк, полета во средата од пустина во Тексас со ракета изработена од вселенската компанија Блу ориџин на основачот на Амазон, Џеф Безос.

Војводата, кој беше интервјуиран за климатските промени, воочи своите први доделувања на наградите Ертшот, рече: „Ни требаат некои од најголемите светски умови да се фокусирани на обидите да се поправи оваа планета, а не да се пронајди следното место за живеење“.

Тој, исто така, предупреди дека самитот ЦОП26, на кој светските лидери ќе се соберат во Глазгов овој месец, не треба да биде обележан со „паметни говори, паметни зборови, но недоволна акција“.

„Мислам дека е клучно за ЦОП многу јасно и многу искрено да каже кои се проблемите и какви ќе бидат решенијата“, рече тој.

Војводата ја изрази својата загриженост поради зголемената вознемиреност поради климатските промени кај младите луѓе и рече дека би било „апсолутна катастрофа“ доколку неговиот најстар син, принцот Џорџ, би морал да зборува за истото прашање за 30 години, кога ќе биде предоцна.

Вилијам додаде дека неговиот татко, принцот од Велс, познат по својата долгогодишна посветеност на зелените прашања, имал „навистина тешки почетоци“ кога првпат почнал да зборува за климатските промени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе