Принцот Ендрју тврди дека немал претстава што прави неговиот пријател Епстајн

Британскиот принц Ендрју во саботата го бранеше своето поранешно пријателство со Џефри Епстајн, велејќи дека „никогаш" не „видел ниту се сомневал" за какво било кривично однесување на американскиот финансиер.

Шеесет и шестгодишниот Епстајн си го одзема животот во затворска ќелија овој месец, откако беше обвинет за трговија со сексуални робови и силување малолетнички.

Тој се дружел со принцот Ендрју, сегашниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот претседател Бил Клинтон.

Принцот Ендрју бил фотографиран со Епстајн во Централ парк во Њујорк кон крајот на 2010 година, откако магнатот бил ослободен од затвор, а неколку жени го обвиниле дека сексуално ги злоупотребувал.

Војводата од Јорк во соопштение изјави дека сака да ги „разјасни фактите“ за „поранешната поврзаност или пријателство“ со американскиот финансиер.

Тој рече дека било „грешка“ да се сретне со Епстајн, откако бил ослободен од затвор во 2010 година.

„Додека го познавав, ретко го гледав и веројатно не повеќе од еднаш или двапати годишно“, рече принцот.

„Бев во повеќе негови резиденции. Во ниеден момент, во текот на ограниченото време што го поминав со него, не видов или сведочев на однесување што на крај доведе до негово апсење и осуда“, додаде тој.

Војводата рече дека има „неизмерно сочувство“ за сите кои се погодени од однесувањето на Епстајн.

Една од жртвите, Јохана Сјоберг, тврди дека принцот ѝ ги допирал градите додека биле во станот на Епстајн во 2001 година, а друга, Вирџинија Робертс, тврди дека три пати била присилена да има сексуален однос со принцот - во Лондон, Њујорк и на приватниот карипски остров на имотот на Епстајн.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе