Принцот Ендрју пред њујоршкиот суд под обвинение за сексуално злоставување

Вирџинија Џифре поднесе тужба пред судот во Њујорк во понеделникот против британскиот принц Ендрју, во која наведува дека американскиот финансиер Џефри Епстајн ја „позајмувалл" на принцот Ендрју за сексуални односи.

EPA-EFE/ALBA VIGARAY

Вирџинија Џифре е обвинителка во случајот против обвинетиот „принцот Ендрју, војводата од Јорк“, според обвинението поднесено во Окружниот суд на Менхетен.

Џифре во обвинението тврди дека „Епстајн редовно ја злоставувал и дека Епстајн ја позајмувал на други моќни мажи за сексуални цели“.

„Еден таков моќен човек... е обвинетиот, принцот Ендрју“.

Џифре рече дека Ендрју сексуално ја злоставувал во куќата на Гислајн Максвел во Лондон пред повеќе од 20 години, кога таа сè уште била малолетна.

„Епстајн, Максвел и принцот Ендрју ја принудија обвинителката, дете, на сексуален однос со принцот Ендрју против нејзина волја“, се вели во него.

Ендрју (61) жестоко негира дека имал секс со Џифре и не се сеќава дека воопшто ја сретнал, но тие обвинувања може да му наштетат на британското кралско семејство.

Ендрју, вториот син на кралицата, се повлече од кралските должности во 2019 година поради пријателството со Епстајн.

Џифре, исто така, тврди дека Ендрју ја злоставувал во вилата на Епстајн во Њујорк и во Литл Сент Џејмс, приватниот остров на Епстајн на Девствените Острови.

Џифре, сега 38 -годишна, го тужи Ендрју според одредбите на Законот за деца жртви, бидејќи тогаш имала 17 години.

Епстајн бил американски финансиер кој се спријателил со многу познати личности, меѓу кои и поранешниот американски претседател Бил Клинтон и Бил Гејтс.

Тој изврши самоубиство во затвор во 2019 година, додека чекал судење за сексуално злоставување малолетници.

Во судските досиеја има фотографија на која наводно е Ендрју со Џифре во домот на Гислајн Максвел во Лондон пред сексуалното злоставување.

Џифре, која веќе ги изнесувала обвинувањата на телевизиски интервјуа, го тужи принцот Ендрју за „пример на другите и кривична отштета“.

„Сметам дека принцот Ендрју е одговорен за она што ми го направи. Моќните и богатите не се ослободени од одговорност за своите постапки“, рече таа пред медиумите.

„Не ја донесов одлуката лесно. Како мајка и сопруга, моето семејство е на прво место. Свесна сум дека овој потег ќе ме изложи на понатамошни напади од принцот Ендрју и неговите претставници".

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALBA VIGARAY

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе