Принцот Ендрју остана без сите титули поради судењето за злоставување на малолетничка

Кралицата му ги одзеде сите кралски и воени титули на принцот Ендрју поради тужбата што против него е поднесена од страна на Вирџинија Џуфре, жената која тврди дека ја злоставувал кога била малолетна.

Фото: ЕПА

Во соопштението од Бакингемската палата се вели: „Со одобрение и согласност на кралицата, воената припадност и кралското покровителство на војводата од Јорк ѝ се вратени на кралицата. Војводата од Јорк повеќе нема да презема никакви јавни должности и се брани во овој случај како приватен граѓанин“.

Извор од палатата рече дека принцот веќе нема официјално да ја користи титулата Неговото кралско височество, а другите негови улоги ќе бидат расподелени меѓу другите членови на кралското семејство и нема да му бидат вратени.

Американскиот суд вчера ја отфрли жалбата на принцот Ендрју и против него сè уште е активно обвинението за сексуална злоупотреба на малолетничка. Тој беше тужен од Вирџинија Џуфре, која тврди дека принцот сексуално ја злоставувал кога имала 17 години.

Во тужбата навела дека покојниот Џефри Епстајн тргувал со нејзиното тело и ја принудувал на секс со неговите пријатели, меѓу кои бил и принцот, пишува Си-ен-ен. Таа тврди дека Ендрју ја злоставувал и во куќата на Епстајн на Менхетен и на неговиот приватен остров на Американските Девствени Острови. Таа додаде дека принцот Ендрју бил свесен дека таа во тоа време била малолетна.

Американскиот окружен судија Луис А. Каплан рече дека адвокатите на принцот не успеале да ја оспорат уставноста на тужбата поднесена од Вирџинија Џуфре во август. Имено, неговите адвокати рекоа дека нејзината тужба не е јасно составена и дека треба да биде невалидна поради договорот со адвокатите на Џефри Епстајн од 2009 година.

Тие тврдеа дека тужбата на Џуфре ги прекршила условите на спогодбата во која Епстајн ѝ платил 500.000 долари за да се откаже од случајот против него и другите инволвирани лица. Но, во спогодбата експлицитно не се споменува името на принцот.

„Тужбата на Џуфре не е „неразбирлива“, „нејасна“ или „двосмислена“, напиша судијата Луис во пресудата. „Во неа се наведуваат дискретни инциденти на сексуално злоставување во одредени околности на три локации кои можат да се идентификуваат. Исто така, се наведува кој точно учествувал во сексуалното злоставување“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе