Во Бакингамската палата

Принцезата Ана одби да се ракува со Трамп и ги игнорираше опомените од кралицата (ФОТО+ВИДЕО)

Кралицата прекорно ѝ гестикулираше на ќерка си поради тоа што не им се придружи на членовите на кралското семејство во ракувањето со Трамп.

Принцезата Ана и кралицата се снимени во ситуација на тивко несогласување меѓу мајка и ќерка пред американскиот претседател и неговата сопруга.

На видеото се гледа како Нејзиното височество ги поздравува Доналд Трамп и Меланија за време на приемот во Бакингамската палата во вторникот, додека кралската принцеза стои сама на страна.

Но се чини дека кралицата не е одушевена што нејзината ќерка не стои со другите членови на кралското семејство да ги пречека американскиот претседател и првата дама.

93-годишната монархиња се гледа како се врти кон ќерка си и со рака ѝ гестикулира да им се придружи.

Принцезата на тоа само крева раменици и шири раце, комплетно игнорирајќи ги опомените од мајка си.

Видеото молскавично се рашири на интернет, а многумина на социјалните мрежи ја фалат британската принцеза што одбила да комуницира со Трамп.

Светските лидери вчера беа примени во палатата за одбележување 70 години соработка и колективен дух на НАТО, а американскиот претседател и неговата сопруга 40 минути доцнеа на настанот.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе