Дописникот на РТ јавува дека тукушто поминал низ плоштадот и дека луѓето таму велат дека нема да прифатат нов мировен договор барајќи Јанукович веднаш да даде оставка и да биде изведен пред суд.
„Тие пукаат кон трупите на Министерството за внатрешни работи стационирани на улицата Институтскаја. Сè уште не се знае дали некој е повреден. Нивната намера е да се обидат да се пробијат до Врховната рада (парламентот)“, рекол шефот на прес-канцеларијата на украинското Министерството за внатрешни работи, Сергеј Бурлаков, пренесува Интерфакс.
Гардијан, пак, вели дека по мирната ноќ сега се слушаат истрели на плоштадот во централен Киев, но дека не е јасно од каде и од кого доаѓаат истрелите. „Министерството за внатрешни работи ја обвинува опозицијата дека го прекинала кревкото примирје и дека пука кон полицајците“, пишува Гардијан и додава дека вооружени полицајци влегле во парламентот, но дека не е јасно со која цел. Полицијата била избркана од украинскиот парламент, рекол украинскиот заменик-спикер за Ројтерс.
Бројката на мртвите во судирите се искачи на 77 за три дена.