Примил вакцина држејќи фотографија на Путин: Горд сум на него (ФОТО)

Градоначалникот на аргентинскиот град Рока Перес од провинцијата Буенос Аирес Хуан Карлос Гаспарини примил вакцина против коронавирусот, држејќи во раката портрет на рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE

„Ја примив вакцината, му благодарам на (претседателот на Аргентина) Алберто Фернандез... Ја донесов фотографијата бидејќи сум горд на него. Зборуваа дека сакаат да нè отрујат, а сега тие ни го спасуваат животот“, напиша Гаспарини на Твитер.

Гаспарини има 72 години и ја примил втората доза од вакцината Спутник V.

Аргентина и Белорусија се првите земји освен Русија кои на крајот на декември минатата година ја почнаа имунизацијата со руската вакцина Спутник V.

Претседателот Алберто Фернандез изјави дека станува збор за најголемата кампања на вакцинирање во современата историја на земјата.

Русија и Аргентина претходно потпишаа меморандум за разбирање со цел почнување на производството на вакцината Спутник V во јужноамериканската земја. Руската вакцина беше регистрирана во Аргентина во забрзана процедура, и вакцинацијата се одвива непречено.

Аргентина, која има 45 милиони жители, регистрираше речиси 1,6 милиони инфекции со новиот коронавирус, со приближно 50.000 смртни случаи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе