Благодарение на Ротшилдови

Приходот на украинскиот претседател Порошенко рипнал за неверојатни 10.000 отсто

Годишниот приход на Петро Порошенко, актуелниот украински претседател што во моментов губи во трката за нов мандат, забележал огромен пораст.

Според даночната документација, односно според украинскиот единствен регистар на имотни карти, богатството на Порошенко изнесувало 57 милиони долари во периодот од 12 месеци до 31 март, што е 95 пати повеќе отколку што тој пријавил во истиот период минатата година.

Во 2017 година Порошенко остварил добивка од 600.000 долари.

Поголемиот дел од приходот на Порошенко, околу 40,4 милиони долари, наводно потекнува од инвестиции во Цирих, во Ротшилд труст Швајц, дел од Ротшилд банката. Украинскиот претседател заработил и 14,7 милиони долари од профит во инвестициски фонд, додека приходот од обврзници на домашни државни кредити изнесувале речиси милион долари.

Порошенко наводно добил околу 30.000 долари од продажба на недвижнини, а повеќе од 14.000 долари наводно добил од својата сопруга Марина Порошенко. Во Меѓувреме, неговата официјална плата изнесува 12.400 долари.

Просечната месечна плата во Украина во септември 2018 година изнесувала околу 320 долари и имаат најнизок животен стандард во цела Европа.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе