При тестирање се урна најновиот руски борбен авион, пилотот се катапултирал

Најновиот руски ловец од петтата генерација сухој Су-57 се урна за време на рутинско фабричко тестирање во близина на Комсомолск на Амур, јавува Раша тудеј.

Пилотот на авионот безбедно се исфрлил од авионот пред падот и го евакуирал спасувачки хеликоптер.

Авионот кој се урнал спроведувал серија редовни тестирања околу 100 километри од воената база кога се случил падот.

Нема жртви на тлото ниту материјална штета на инфраструктурата, потврди произведувачот во кратка изјава. Црните кутии допрва ќе се соберат.

Најновиот руски борбен авион се тестира од 2010 година, а во сериско производство влезе оваа година.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе