Му помогнале снимките за преживување

Преживеал три недели во дивините на Алјаска (ВИДЕО)

Американецот Тајсон Стил (30) е спасен по три недели преживување во дивините на Алјаска. Откако неговата монтажна кабина изгорела, Стил успеал да преживее на температури под нулата благодарение на засолниште од остатоци и малку конзервирана храна.

Потрагата е започната откако неговото семејство го пријавило исчезнувањето и побарале од надлежните да го побараат.

Тој во снегот напишал СОС порака од пепел, а полицијата на Алјаска ја објави приказната за неговото преживување и спасување.

Тој во својата кабина престојувал од септември заедно со лабрадорот Фил. Кога избувнал пожарот, Тајсон едвај успеал да зграби неколку ќебиња и пушка, но не успеал да го спаси своето куче.

Отпрвин, тој помислил дека кучето избегало, но сфатил дека останало заробено во пожарот откако слушнал завивање од кабината.

„Бев хистеричен. Немам зборови да ја опишам тагата, беше тоа крик за помош. Чувствував како некој да ми ги раскинува белите дробови“, изјави Стил пред полицијата.

Тој рече дека не бил обучен да преживее во дивината, но дека во тоа многу му помогнало гледањето видеа на Јутјуб.

Како што рече, тој планира да му се врати на своето семејство во државата Јута.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе