Презадолжениот Египет купува 30 борбени авиони „рафал“, ако нема пари ќе ги плати Франција

Египетската војска потврди дека нарачала 30 борбени авиони „рафал“ од француската компанија Дасо за да ја „зајакне националната безбедност“.

EPA-EFE

Нарачката, втора по таа од 2015 година, кога беа набавени 24 авиони „рафал“, ќе биде финансирана со помош на 10-годишен заем, соопшти вчера египетската војска.

Истражувачкиот сајт Дисклоуз објави вчера дека таа нарачка е дел од таен мегадоговор вреден речиси четири милијарди евра.

Францускиот истражувачки сајт, кој имал увид во документите за продажбата, тврди дека договорот меѓу Париз и Каиро е потпишан кон крајот на април, и дека би требало да биде склучен деновиве, за време на посетата на делегацијата на Египет во Париз.

Во договорот е договорена продажбата на 30 млазни авиони за цена од 3,75 милијарди евра, и доаѓа со уште два договори, со францускиот произведувач на оружје МДБА и компанијата Сафран електроникс&дифенс, кои вредат уште 200 милиони евра.

Иако јавниот долг на Египет веќе надмина 90 отсто од БДП, Каиро новите авиони ќе ги купи на кредит, а она што е особено интересно е што за кредитот, кој го даваат француските банки Креди агрикол, Сосиете женерал, БНП и ЦИЦ, гарантира државата Франција, и тоа до износ од 85 отсто од кредитот.

Тоа значи дека, доколку Египет не успее да ги враќа ратите, француските граѓани ќе плаќаат 3,4 милијарди евра за испраќањето на авионите во Египет.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе