Претставници на Европскиот парламент: „Штотуку нè протеруваат од Венецуела“ (ВИДЕО)

Лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо го критикуваше „изолираниот и се понеразумниот режим“ поради протерувањето на петте европски застапници, на почетокот на оваа недела која е од клучно значење за Венецуела, бидејќи во сабота во земјата треба да влезе хуманитарната помош, на што претседателот Николас Мадуро се противи.

„Што туку нè протеруваат од Венецуела: ни ги зедоа пасошите, не нè информирани за причината за протерување, и не добивме никаков документ во кој се наведени причините за таквата одлука“, изјави Шпанецот Естебан Гонзалес Понс, еден од петте европски застапници (сите од редовите на Европската Народна партија, десницата и десниот центар), во видеопорака снимена на аеродромот во Каракас-Маикуетија.

„Ние сме прва меѓународна делегација која требаше да го посети привремениот претседател Хуан Гуаидо. Проблемот не е дека не ни е дозволен влез во земјата, туку дека на привремениот претседател не му се дозволува да се сретне со странски власти во Венецуела“, се пожали тој.

Хуан Гуаидо веднаш на Твитер го критикуваше „узурпаторот кој само сака да ја отежни транзицијата. Да продолжиме со потребниот притисок за да ставиме крај на узурпацијата!“

Министерот за надворешни работи Хорхе Ареаца на истиот канал рече дека Каракас „по службен дипломатски пат пред неколку дена ја извести групата еврозстапници кои сакале да ја посетат земјата заради планирање на заговор, дека нема да бидат пуштени и дека од нив е побарано да се откажат и така да се спречи понатамошна провокација“.

Режимот на Николас Мадуро кој е поддржан од Русија, Кина, Турција, Иран и Куба, ги контролираат границите на земјата. Хуан Гуаидо, претседателот на парламентот, кој на 23 јануари се прогласи за привремен претседател, е признает од педесетина земји, вклучувајќи ги и САД, но не ја држи власта во своите раце.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе