За поттикнување бунт

Претставничкиот дом покрена импичмент и го повика Пенс да го исфрли Трамп со 25. амандман

Група демократи во Претставничкиот дом официјално покренаа отповикување на Доналд Трамп, обвинувајќи го за „поттикнување бунт“ во врска со насилните немири во Капитол минатата недела. Претходно тие го повикаа Пенс да го свика кабинетот и да гласаат за исфрлање на Трамп од функцијата според 25-тиот амандман.

Фото: ЕПА

Доколку Претставничкиот дом гласа за отповикување на Трамп, тој ќе стане првиот претседател во историјата на САД што бил двапати отповикуван.

Доналд Трамп во одредбата за отповикување се обвинува за поттикнување бунт во врска со насилните немири во американски Капитол минатата недела.

„Решено е дека Доналд Џон Трамп, претседател на Соединетите Држави, се отповикува за злосторства и прекршоци“, се вели во одредбата.

„Претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на Соединетите Држави и нивните владини институции. Тој го загрози интегритетот на демократскиот систем, ја попречи мирната транзиција на власта и загрози друга владина гранка. Со тоа ја предаде својата доверба како претседател, на очигледна штета на народот на Соединетите Држави.“

„Така, Доналд Џон Трамп, со таквото однесување покажа дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и Уставот ако му биде дозволено да остане на функцијата и постапуваше на начин грубо несоодветен за самоуправувањето и законот на правото. Доналд Џон Трамп на тој начин заслужува импичмент и судење, смена од функцијата и дисквалификација да држи и да ужива каква било почесна функција, доверба или профит од Соединетите Држави“.

Резолуцијата се повикува и на 14-тиот амандман на Уставот на САД, истакнувајќи дека со него се забранува вршење должност од страна на секое лице што се впушта во бунт против САД.

Гласањето за импичмент на Трамп ќе се одржи за два дена, рече лидерот на мнозинството во Домот, Стени Хоер. „Можеби ќе се гласа за импичмент в среда“, им рече тој на новинарите на Капитол Хил.

Хоер додаде дека целта е одредбата за отповикување веднаш да се испрати до Сенатот, со што судбината на претседателот ќе биде директно во рацете на институцијата под контрола на републиканците.

Воопшто не се знае дали две третини од сенаторите би се согласиле на смена на Трамп од функцијата, како што налага уставот, вели Гардијан.

Демократите денеска поднесоа и резолуција со која го повикаа потпретседателот Мајк Пенс да го свика кабинетот на Белата куќа да гласа за исфрлање на Трамп од функцијата според 25-тиот амандман на американскиот устав.

 
Таа иницијатива, за која ќе беше потребна едногласна согласност од целиот состав, беше блокирана од републиканец од Западна Вирџинија, па се предвидува дебата и можно гласање во вторник.
 
Доколку Пенс не постапи за отстранување на Трамп, како што очекуваат повеќето експерти, Претставничкиот дом в среда ќе почне дебата за одредбата за импичмент поднесена денес.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе