Претставничкиот дом на САД ќе гласа за укинување на вонредната состојба на Трамп

Американскиот Претставнички дом ќе гласа за резолуцијата за укинување на прогласената вонредна состојба поради изградбата на ѕидот на границата со Мексико.

Демократските пратеници минатата недела ја претставија резолуцијата со која се оспорува намерата на Трамп да користи пари за изградба на ѕидот кои Конгресот ги наменил за други цели.

Се очекува резолуцијата глатко да помине на гласањето во Претставничкиот дом кој е под контрола на демократите.

Потоа, следи одлучување во Сенатот со републиканско мнозинство каде иднината на мерката е неизвесна иако за нејзино прифаќање е потребно само мнозинство.

Освен што ова е уште едно поглавје во долгата борба помеѓу Трамп и демократите во однос на сигурноста на границата и имиграциската политика, денешното гласање ќе биде тест на уставната поделба на власта, бидејќи Претставничкиот дом и Сенатот се тие кои ги одредуваат приоритетите во финансирањето, а не претседателот.

Демократскиот претставник во Претставничкиот дом Стени Хојер на прес-конференцијата во понеделникот изјави дека во изминатите неколку недели отпатувал два пати до американско-мексиканската граница и заклучи дека „нема криза на границата“.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе