Претставничкиот дом на Конгресот изгласа Вашингтон да биде 51 американска држава

Поголемиот број од пратениците во долниот дом на американскиот Конгрес, во кој мнозинството го држат демократите, гласаа за тоа административниот округ на градот Вашингтон да стане 51 американска држава, и покрај противењето на републиканците.

EPA-EFE

Се очекува републиканците да се обидат да ја блокираат иницијативата во Сенатот, каде се предвидува тешка борба со неизвесен исход, бидејќи во горниот дом на Конгресот и демократите и републиканците имаат по 50 претставници.

Републиканците особено се противат на овој предлог стравувајќи дека претворањето на Вашингтон во сојузна држава трајно би им обезбедило на демократите дополнителни два претставници во Сенатот.

Жителите на Вашингтон главно ги поддржуваат демократите па како сојузна држава во горниот дом на Конгресот би донел уште два демократски сенатори, што би ја сменило рамнотежата на моќта во Сенатот во кој во моментов има 50 демократи и 50 републиканци. Демократите со децении се обидуваат да ѝ дадат статус на сојузна држава на Дистрикт Колумбија, а овој пат се охрабрени од изборот на Џо Бајден за претседател и контролата врз двата дома на Конгресот.

Демократите тврдат дека со тоа би се ставило крај на неколкувековната неправда за повеќе од 700 илјади американски државјани кои плаќаат сојузни даноци, се борат и гинат во војни, служат во пороти, а не можат да гласаат во Сенатот или во Претставничкиот дом.

Новата сојузна држава би се викала Вашингтон Даглас Комонвелт, по првиот американски претседател Џорџ Вашингтон и Фредерик Даглас, робот кој во 19 век стана славен борец против ропството.

Последните територии кои добија статус на држави беа Хаваи и Алјаска во 1959 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе