Претставничкиот дом го поднесе до Сенатот обвинението против Трамп

Претставничкиот дом синоќа официјално го проследи документот на обвинението до Сенатот, што претставува почеток на историскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за поттикнување немири во Капитол.

Фото: ЕПА

Девет демократи од Претставничкиот дом, избрани „обвинители“, го однесоа документот со обвинението до Сенатот.

Обвинението изгласано во Претставничкиот дом синоќа, на 13 јануари, беше прочитано во Сенатот, со што официјално почна постапката за отповикување.

Доналд Трамп е обвинет за поттикнување на своите приврзаници да упаднат во зградата на Конгресот на 6 јануари, додека пратениците одржуваа седница за да ја потврдат победата на неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден.

„Никогаш нема да ја преземете нашата земја ако сте слаби. Мора да покажете сила и мора да бидете силни“, им рече тој на демонстрантите пред нападот врз Капитол, во кој животот го загубија пет лица.

Судскиот процес во Сенатот треба да почне на 9 февруари, а за осуда е потребно двотретинско мнозинство.

Слична церемонија на пренесување на обвинението од долниот во горниот дом на Конгресот имаше и по повод првото отповикување на Трамп.

Сто сенатори ќе бидат поротници во процесот во кој Трамп може засекогаш да биде лишен од правото пак да стане претседател на Соединетите Држави.

Десет републиканци им се придружија на демократите во гласањето на Претставничкиот дом за покренување на отповикувањето на Трамп, но ќе им требаат уште 17 републиканци покрај 50-те демократски сенатори за тој да биде осуден, што се чини невозможно со оглед на поддршката што Трамп сѐ уште ја има во конзервативната гласачка база на републиканците.

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот изјави дека не верува дека ќе има доволно гласови во Сенатот за да се осуди Трамп, објави телевизијата Си-ен-ен.

Судскиот процес ќе го води демократот Патрик Лихи, сенаторот со најдолг стаж во телото. Лихи првпат беше избран во Сенатот во 1974 година и во моментов е привремен претседател на Сенатот.

Иако според уставот, претседателот на Врховниот суд претседава со постапката на отповикување, во случај кога постапката се води против претседател што повеќе не е на функција, со постапката раководи сенатор, објасни извор од Сенатот.

Трамп е првиот претседател во историјата на САД двапати отповикан и првиот претседател на кој му се суди по истекот на мандатот.

Според анкетата спроведена за Ројтерс од агенцијата Ипсос, 51 процент од Американците сметаат дека Сенатот треба да го осуди Трамп.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе