Според излезните анкети

Претседателски избори во Франција: Макрон и Ле Пен во вториот круг

Емануел Макрон и Марин ле Пен влегоа во вториот круг на претседателските избори во Франција, покажуваат првите официјални резултати од излезните анкети на ИПСОС и ги потврдуваат предвидувањата на поголемиот дел анкети во предизборниот период.

EPA-EFE

Според првите излезни анкети за претседателските избори во Франција, актуелниот претседател и кандидат на партијата Република во движење Емануел Макрон обезбеди 28,5 отсто од гласовите, додека Марин ле Пен, десничарската кандидатка на Националниот фронт, доби 23,6 отсто. Овие резултати значат дека Макрон и Ле Пен, како и во 2017 година, повторно влегоа во вториот круг на претседателските избори, кои ќе се одржат на 24 април.

Со дури 20,1 отсто од гласовите, на третото место се најде претседателскиот кандидат на екстремната левица Жан Лук Меланшон. Зад него се Ерик Земур со 7,2 отсто и Валери Пекрес со 5 отсто.

Проценките на ИПСОС укажуваат дека уште седум кандидати освоиле под пет отсто од гласовите, вклучувајќи ги претставникот на Зелените Јаник Жадо и градоначалничката на Париз Ан Идалго.

Интересно е тоа што по објавувањето на резултатите и Меланшон и Пекрес го поддржаа Макрон. истото го направија и Жадо и Идалго.

„Не би требало да гласате за госпоѓата Ле Пен. Го сфаќам вашиот гнев, но не препуштајте му се. Не дозволувајте гневот да ве натера да направите нешто непоправливо. Ле Пен не би требало да добие ниту еден глас“, кажа денес третопласираниот кандидат Меланшон.

Откако го призна поразот, Пекрес ги повика своите гласачи да гласат за Макрон во вториот круг на претседателските избори за да се сочува Франција од Ле Пен и „хаосот кој би следел“.

Единствениот кандидат кој по објавувањето на резултатите ја поддржа Марин ле Пен беше Ерик Земур, кој изјави дека Ле Пен ја има неговата поддршка и ги повика гласачите да гласаат за неа.

И покрај тоа што различни излезни анкети нудат малку поинакви резултати, Би-би-си истакнува дека „сè јасно покажува дека актуелниот претседател Емануел Макрон и лидерката на крајната десница Марин ле Пен минале во вториот круг“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе