Претседателот Земан ја назначи новата чешка влада на премиерот Петр Фијала

Чешкиот претседател Милош Земан во претседателскиот замок Лани во близина на Прага ја именуваше новата влада на две коалиции на десниот центар, Заедно и СТАН со Пиратската партија, вклучително и министерот за надворешни работи Јан Липевски, кого првично го одбиваше.

Фото: ЕПА

„Наједноставно би било да ви посакам само успех, но тоа не е конкретно. Ви посакувам нешто корисно да остане зад вас. Пред вас е можноста да се изборите со ковид-19, енергетската криза и, се разбира, буџетот“, рече по назначувањето претседателот Земан.

Заблагодарувајќи му на претседателот за назначувањето на владата, премиерот Петр Фијала рече дека владата ја презема одговорност за државата во ситуација која не е лесна, и ги спомена истите три горливи проблеми поради кои владата ќе ја има првата седница веднаш по назначувањето.

„Гласачите ни дадоа доверба, вложија надежи за промени и подобра иднина за нив и за следните генерации. Не почнуваме во лесна ситуација, голем број работи во нашата земја се запоставени, се соочуваме со проблеми - ковид-19, поскапување на енергијата, инфлацијата“, рече премиерот Фијала.

Две коалиции на десниот центар, Заедно чиј лидер е Фијала, а која е составени од конзервативци, демохристијани и либерали, и коалицијата на независни градоначалници од партијата СТАН и Пиратската партија, на парламентарни избори на 8 и 9 октомври освоија големо мнозинство од 108 од 200 пратеници од долниот дом, а мнозинство имаат и во горниот дом.

Со доаѓањето на оваа 16-та чешка влада со Фијала, кој е 13-ти премиер, го означува крајот на осумгодишниот период на заедничко владеење на партијата АНО на чешкиот тајкун од агро и хемиската индустрија, досегашниот премиер Андреј Бабиш и Чешката социјалдемократска партија која на изборите по прв пат во историјата на независна Чешка не успеа да влезе во парламентот.

Поранешниот премиер Андреј Бабиш посака новата влада да биде влада на континуитет, што најверојатно ќе се најде на дневен ред на претседавањето со Европската унија во втората половина на следната година, каде што новата влада сака како еден од главните приоритети на ЕУ да го преземе забрзувањето и проширувањето на ЕУ на Западен Балкан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе