Републиканскиот сенатор

Линдзи Греам: Не сум загрижен за следните избори, туку сум загрижен како ќе ги поминеме следните 14 дена

Претседателот Доналд Трамп денеска рече дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари, спротивно на неговата порака ден порано дека ќе работи на обезбедување „непречена, уредна и беспрекорна транзиција на власта“ на својот наследник.

Фото: ЕПА

Трамп не навести како би ги поминал своите последни часови на функцијата и ќе биде првиот актуелен претседател по Ендрју Џонсон што ќе ја прескокне заклетвата на својот наследник. Традиционално, досегашниот и новоизбраниот претседател заедно се возат до Капитол на церемонијата, како симбол на мирната транзиција на нацијата.

Коментарите на Трамп доаѓаат два дена откако насилната толпа негови приврзаници го окупираа Капитол додека пратениците ги броеја електорските гласови, кои ја потврдија победата на Бајден. Бајден ќе стане претседател на 20 јануари напладне, без оглед на плановите на Трамп.

„За сите што ме прашаа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, објави Трамп на Твитер. Потегот беше очекуван, бидејќи Трамп со месеци лажно тврди дека победил на изборите и објавува неосновани тврдења за изборна измама. Неговата администрација соопшти дека изборите се одвивале фер.

Потпретседателот Мајк Пенс се очекува да присуствува на инаугурацијата. Портпаролот на Пенс, Девин Мали, рече дека „потпретседателот Пенс и втората дама допрва треба да донесат одлука во врска со своето присуство“.

Преодниот тим на Бајден немаше веднаш коментар за објавата на Трамп. Но Џен Псаки, прес-секретарот на Белата куќа на новоизбраниот претседател, минатиот месец рече дека фактот дали Трамп присуствувал на инаугурацијата не му е приоритет на Бајден.

Утрово, наместо да изрази сочувство за полицаецот што почина од повредите добиени за време на немирите, Трамп се огласи на Твитер за да ги пофали „големите американски патриоти“ што гласале за него.

Нападот врз зградата на Капитол, моќен симбол на демократијата на нацијата, ги потресе и републиканците и демократите, вели АП. „Не сум загрижен за следните избори, туку сум загрижен како ќе ги поминеме следните 14 дена“, рече републиканскиот сенатор Линдзи Греам од Јужна Каролина, еден од најсилните сојузници на Трамп. Тој ја осуди улогата на претседателот во немирите во средата и рече: „Ако се случи уште нешто, сите опции ќе бидат на маса“.

Стравувањата од она што очајниот претседател може да го стори во последните денови се раширија во главниот град на нацијата и пошироко, вклучително и шпекулациите дека Трамп може да поттикне поголемо насилство, набрзина да свикува состаноци, да издаде штетно помилување - вклучително и за него и за неговото семејство - или дури и да предизвика дестабилизирачки меѓународен инцидент.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе