Претседателот на Украина: Нашата војска може да го одбие секој руски напад

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по повод обележувањето на Денот на вооружените сили, дека украинските вооружени сили можат да го одбијат секој руски напад.

EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

„Припадниците на Вооружените сили на Украина ќе продолжат да ја исполнуваат својата најважна мисија - да ја бранат слободата и суверенитетот на државата од рускиот агресор“, рече Зеленски во изјавата.

„Украинската војска верува во сопствената сила и може да спречи каков било освојувачки план на непријателот“, додаде тој.

Русија распореди големи воени сили во близина на границата со Украина, но ги отфрла обвинувањата дека подготвува офанзива.

Украина во понеделник ја одбележува 30-годишнината од основањето на независната војска, откако во 1991 година прогласи независност од поранешниот Советски Сојуз.

По тој повод Киев, Лавов и Одеса на јавноста ќе ѝ ги претстават американските воени возила Хамви. Во Одеса ќе се одржи свечено предавање на неодамна испорачаните патролни бродови на американската крајбрежна стража, што ќе ги зајакне капацитетите на украинската воена морнарица.

Украина го повикува НАТО да го забрза нејзиниот пристап, но лидерите на НАТО бараат прво спроведување на реформи и сузбивање на корупцијата.

Москва го предупредува Западот да не ги преминува нејзините „црвени линии“ и да го запре ширењето на НАТО кон исток.

По повод Денот на вооружените сили, Зеленски ќе го посети Харков, центарот на украинското производство на оружје и регионот Донбас, каде што украинската војска се бори против проруските сепаратисти. Од 2014 година во борбите загинале 14.000 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе