Претседателот на руската Дума за ракетите од западните земји

Ракетите кои Вашингтон и Брисел ги испорачуваат на Украина можат да им се вратат на сопствениците како бумеранг, изјави Вјачеслав Володин.

Фото: ЕПА

„Ракетите кои Вашингтон и Брисел и ги испорачуваат на Украина, поради непрофесионалноста на режимот во Киев, можат да им се вратат на сопствениците. Ова е по принципот на бумеранг. Министерот за одбрана на Украина Алекеј Резников изјави дека не ги разбира ракетите, бидејќи е адвокат и не прави разлика меѓу еден вид оружје од друг“, напиша на Телеграм претседателот на Државната дума на Русија. Според него САД со својата желба да ја продолжат војната до последниот Украинец ја претвораат Европа во заложник на кој тие подароци можат да му бидат вратени, пренесе Спутник.

Русија претходно испрати протестна нота до западните земји поради испораката на оружје за Украина. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека желбата на Западот е Украина да ја победи Русија на бојното поле, а тоа само ја намалува можноста за мировен процес.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе