Претседателот на Палестина: Израел е одговорен за убиството на новинарката на Ал џезира

Палестинскиот претседател Махмуд Абас кажа дека израелските власти се „целосно одговорни“ за убиството на новинарката на Ал џезира Ширин Абу Аклех во Рамала.

EPA-EFE

„Одбиваме заедничка истрага со израелските окупациски власти бидејќи тие го извршија злосторството и не им веруваме“, кажа Абас на службената комеморација за Абу Аклех во Рамала.

Додаде дека палестинските власти „веднаш ќе се обратат до Меѓународниот кривичен суд за да се откријат извршителите“.

Израел соопшти дека отвора истрага во обид да се утврди кој ја убил новинарката, тврдејќи дека е можно палестински вооружен напаѓач да го истрелал смртоносниот истрел за време на судирите во Џенин.

Ширин Абу Аклех, една од најпознатите новинарки на панарапската телевизија Ал џезира, беше застрелана вчера наутро додека известуваше за рација на израелската војска во Западниот брег.

Притоа беше ранет уште еден репортер, Али Самоди. Ал џезира ги обвини израелските сили дека „намерно и ладнокрвно“ ја убиле познатата репортерка, која беше застрелана со куршум во главата.

Меѓутоа, израелскиот премиер Нафтали Бенет кажа дека таа „веројатно“ била убиена со истрели од палестинските борци во судирот во логорот Џенин, каде во изминатите денови се интензивирани рациите и е засилено насилството.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе