За 8 Март

Претседателот на Мексико со барикади си ја брани резиденцијата од протести на жените (ВИДЕО)

Властите во Мексико подигнаа високи челични барикади околу Националната палата во Мексико Сити, пред планираните протести по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената на 8 март. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор живее и работи во таа палата.

Фото: скриншот

Лопез Обрадор во последните неколку недели се расправаше со феминистки откако неговата партија Морена номинираше маж обвинет за силување за гувернер на државата Гереро.

Кандидатот Фелик Салгадо не е осуден бидејќи обвинителите тврдеа дека едното обвинение е застарено, а другото сѐ уште се испитува. Неговиот адвокат ги негираше обвинувањата.

Партијата Морена закажа ново гласање за да се одлучи дали Салгадо треба да остане нејзин кандидат.

Маршевите на жените по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената, во последните неколку години често стануваат насилни во Мексико.

Најавени се околу 100 маршеви на жени низ градовите низ Мексико.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе