Претседателот на Јужна Кореја снимен како пцуе по средба со Бајден (ВИДЕО)

Критика која претседателот на Јужна Кореја им ја упатил на американските пратеници стана вирална на социјалните мрежи, откако беше снимен како пцуе и ги нарекува „скотови“.

EPA-EFE

Јун Сук Јеол бил снимен како пцуе по средбата со американскиот претседател Џо Бајден на конференцијата на Глобалниот фонд во Њујорк во средата.

Во видеото кое го објави јужнокорејската телевизија Ем-би-си на својот канал на Јутјуб може да се види Јун како оди по бината по разговорот со Бајден пред да се сврти кон своите помошници и да каже: „Би било срамота за Бајден ако тие скотови во собранието не го одобрат овој закон“.

Глобалниот фонд е организација која се обидува да ги победи ХИВ, туберкулозата и маларијата во земјите во развој и забелешката на Јун најверојатно се однесува на ветувањето на Бајден дека ќе придонесе со 6 милијарди долари, што би барало одобрување од Конгресот.

Многу корисници на социјалните мрежи го исмеваат Јун, додека пцовката која ја употребил стана популарен збор за пребарување на јужнокорејскиот портал Навер.

Критичарите велат дека ова е најновата во низата дипломатски утки на Јун, кој неделава стигна во Њујорк на Генералното собрание на ОН откако присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора во Лондон.

Додека беше во Лондон, неговите противници го обвинија за непочитување бидејќи пропушти да го види ковчегот на кралицата, за што тој се правдаше со густиот сообраќај.

На краткиот брифинг со новинарите, претставник на кабинетот на јужнокорејскиот кабинет кажа дека забелешката е „приватен коментар“ и дека е „непримерно да се поврзува приватен коментар со дипломатскиот исход“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе