Претседателот на Иран: САД се соочуваат со пораз, страшно ќе одговориме на малтретирањето

Соединетите Американски Држави ќе се соочат со пораз и изолација во обидот за повторно наметнување на санкции притив Техеран, кажа претседателот на Исламска Република Иран Хасан Рохани откако Вашингтон објави дека ги обновуваат сите санкции на ОН против Иран.

EPA-EFE

САД синоќа едногласно прогласија дека санкциите на ОН против Иран повторно се на сила и најавија дека ќе ги казнат сите што ќе ги прекршат, изложувајќи се на опасност од уште поголема меѓународна изолираност, но и поттикнувајќи тензии во светот.

„Америка се изложува на пораз со својот потег со санкциите... Се соочува со пораз и негативен одговор од меѓународната заедница“, кажа Рохани во говорот пренесуван од државната телевизија.

„Никогаш нема да попуштиме под американскиот притисок и Иран страшно ќе одговори на американското малтретирање“, кажа тој.

Политиката на „максимален притисок“ врз Иран се претвори во „максимална изолација“ на Соединетите Држави, кажа Рохани.

„Максималниот американски притисок врз Иран во политичката и правната димензија се претвори во максимална изолација на САД“, кажа иранскиот претседател.

Иранскиот ријал падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот вчера, откако Вашингтон го најави обновувањето на санкциите, Иранскиот ријал изгуби 75 отсто од својата вредност во 2018 година кога САД еднострано се повлекоа од меѓународниот нуклеарен договор кој големите сили го склучија со Иран.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео соопшти дека казнените мерки, предвидени со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 2231, се „повторно на сила“ од синоќа во 2 часот по централноевропско време.

Но, Вашингтон е сам против сите. Остантите големи сили, Русија, Кина и европските сојузници, ги оспоруваат.

„Секоја одлука или мерка донесена за повторно воведување на санкциите нема да има никаков правен ефект“, однапред се оградија Франција, Британија и Германија во заедничко писмо кое во петокот го испратија до Советот за безбедност.

Генералниот секретар на ОН Антониот Гутереш го извести Советот за безбедност на ОН дека не може да преземе ниеден потег врз основа на американската одлука бидејќи „постојат нејаснотии“.

Вашингтон еднострано му наметна санкции на Иран од 2018 година, а тие во спрега со падот на цената на нафтата ѝ нанесоа голем удар на иранската економија.

„И самите Американци се свесни дека тоа е лажна изјава и пропаганден трик“, кажа иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавид Зариф. Тој соопшти дека американскиот потег нема правна основа бидејќи САД во 2018 се повлекоа од договорот за ограничување на иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015, и повеќе не може да се повикуваат на резолуцијата 2231 на ОН со која Советот за безбедност го поддржа тој договор и пропиша санкци во случај на негово кршење.

Тоа мислење го делат 13 од 15 членки на Советот за безбедност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе