Претседателот на Индонезија: Му пренесов на Путин порака од Зеленски

Индонезискиот претседател Џоко Видодо кажа дека пренел порака од украинскиот претседател Володимир Зеленски на рускиот лидер Владимир Путин.

EPA-EFE

Видодо во средата во Киев се сретна со Зеленски, а вчера стигна во Москва за да разговара со рускиот претседател.

„Му ја пренесов пораката на претседателот Зеленски на претседателот Путин“, кажа Видодо по разговорот со Путин во Москва.

Не кажа за каква порака станува збор, но додаде дека „изразил спремност да помогне за двајцата лидери да почнат да комуницираат“.

Индонезискиот претседател во моментов претседава со групата земји Г20 и кризната група на Обединетите нации формирана за да се намали заканата со глобален глад.

Видодо го покани Зеленски на самитот на Г20 кој ќе се одржи во ноември во Бали. Франс прес јави дека Зеленски му одговорил дека неговото присуство ќе зависи од тоа кој уште ќе биде таму. Русија е членка на Г20 и се очекува Путин да присуствува на самитот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе