На годишнината од почетокот на 2. Светска војна

Претседателот на Германија побара простување од Полска (ФОТО+ВИДЕО)

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вети во Вјелуњ дека Германија нема да ја заборави одговорноста што ѝ ја наметнува историјата.

Штајнмаер, во првиот град во Полска што неговата земја доминирана од фашистите го бомбардираше уште пред објавата на Втората светска војна, на полски јазик побара прошка за воените ужаси.

„Цинизмот на германскиот агресор беше безграничен, последиците страшни, но и покрај тоа, нема многу Германци што знаат за настаните во Вјелуњ и дојде време тоа да се смени. Вјелуњ мора да остане во нашите умови и срца. Минатото не може да се заборави. Тоа не поминува. Ние сакаме да го запаметиме и да ја прифатиме таа одговорност што ни ја наметнува нашата историја“, рече претседателот Штајнмаер взори, на годишнината од бомбардирањето на тој град.

На германски, а потоа и на полски јазик, тој рече дека им оддава почит на жртвите од нападот врз Вјелуњ, на полските жртви на германската тиранија, и замоли за простување.

Комеморацијата на 80-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна почна денес во Вјелуњ во централна Полска, каде што Франк Валтер Штајнмаер и полскиот претседател Анджеј Дуда заедно им оддадоа почит на цивилните жртви од Втората светска војна.

Вјелуњ авионите на Хитлер го бомбардираа прв, на 1 септември 1939 година во 4:40 часот, додека градот спиеше, ненадејно, уште додека Германија не ѝ имаше објавено војна на Полска.

Три четвртини од Вјелуњ лежеа во урнатини, беа бомбардирани и болницата и синагогата, а од бомбите, како што најчесто велат историчарите, затоа што нема прецизен список, загинаа околу 1.200 луѓе.

„Дури и денес сеќавањето е болно. Тоа беше терор по кој следуваше уништување, продолжи понижувањето, сите прогони, тортури и убиства на милиони полски граѓани и полски и европски Евреи“, рече германскиот претседател и им се заблагодари на Полјаците и Европејците за тоа што и покрај ужасните злосторства што неговата земја ги направи низ целиот свет, пружиле рака на помирување и повторно ги прифатиле Германците во кругот на Европа и Европејците.

Полскиот претседател Анджеј Дуда му се заблагодари на Штајнмаер за моралната сатисфакција што како претседател на Германија одбележувањето на годишнината го почнал токму во Вјелуњ.

„Мислите ли дека е лесно да се дојде во град што пред 80 години бил брутално уништен од луѓе од вашиот сопствен народ? Од претходните генерации, генерациите на татковците и дедовците. Мислите ли дека е лесно да се погледне во очите на оние што преживеале или на оние што носат трауми целиот живот? Ви благодарам, претседателе. Гледам човек што дошол со покорност, со наведната глава за да оддаде почит. Присуството на претседателот на Германија е вид на морална сатисфакција“, им рече претседателот Дуда на Штајнмаер и на граѓаните на Вјелуњ.

Централната државна церемонија по повод 80-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна овојпат се одржува исклучиво во Варшава, а не во Гдањск, каде што официјално почна војната со напад на германски воен брод врз полски гарнизон во зората на 1 септември 1939 година, бидејќи целата програма му беше подредена на главниот гостин, американскиот претседател Доналд Трамп, кој, сепак, во последен момент ја откажа посетата и учеството во Варшава поради ураганот на Флорида.

Одбележувањето на годишнината во Варшава првпат предизвика и контроверзии во светот затоа што, за разлика од прославите пред 10 години, овојпат полските власти од конзервативната партија Право и правда настојуваа по секоја цена да избегнат еден од главните гости да биде рускиот претседател Владимир Путин и наместо со поранешните воени сојузници, властите избраа церемонијата да ја одржат со сегашните сојузници од НАТО, Европската Унија и Источното партнерство.

И покрај големите цивилни жртви и силното антифашистичко движење на земјите од Западен Балкан, претседателите на Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија не добија покана и не се меѓу 250-те гости од 40 државни делегации.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе