Положи венец за жртвите

Претседателот на Германија: Логорот Бухенвалд го отсликува целосниот варваризам на нацистите (ВИДЕО)

Претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер на одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Бухенвалд изјави дека тој го отсликува целосниот варваризам на нацистите и расистичкиот начин на размислување.

EPA-EFE

„Комунисти, демократи и хомосексуалци биле затворени во Бухенвалд. Евреи и Роми биле носени тука и убивани. Со разновидноста на жртвите Бухенвалд го одразува агресивниот национализам на нацистите кон странство и нивната диктатура во земјата“, кажа Штајнмаер.

Во местото Вајмар, во близина на логорот кој американски војници го ослободија пред 76 години, Штајмаер кажа дека Бухенвалд е синоним за „расниот фанатизам, мачењата, убиствата и елиминацијата“.

„Нацистичкото лидерство е одговорно за најсуровите злосторства и за геновидот. Тоа биле човечки суштества, Германци, кои тоа им го правеле на други човечки суштества“, наведе Штајнмаер.

Тој од Вајмар отиде на местото на некогашниот логор, каде положи венец со жолти и црвени цветови за жртвите.

Преживеаните логораши и членовите на нивните семејства не смееја денес да присуствуваат поради пандемијата на коронавирусот, но ја гледаа церемонијата преку интернет.

Концентрациониот логор Бухевалд бил отворен во 1937 година, а ослободен на 11 април 1945.

Од 280.000 затвореници, повеќе од 56.000 или биле убиени од нацистите, или умреле од глад, болести или поради медицински експерименти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе