Претседателот на Гана прв во светот прими вакцина од програмата Ковакс

Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо, денеска стана првата личност во светот што примила вакцина против ковид-19 од програмата Ковакс, глобална иницијатива за помош на сиромашните земји во снабдувањето со вакцини.

Фото: ЕПА

Ковакс беше заеднички лансиран од Светската здравствена организација (СЗО) и Сојузот за вакцини (ГАВИ), за неразвиените земји и земјите во транзиција да можат да примат вакцини. Тие немаат доволно можности да потпишуваат договори за набавка со производителите на вакцини, па затоа се наоѓаат во многу понеповолна позиција.

Акуфо-Адо, 76-годишниот претседател на споменатата западноафриканска земја, во која минатата среда пристигна првата пратка вакцини од програмата Ковакс, денес ја прими првата доза на вакцината на Астра зенека.

„Многу е важно да дадам пример и да покажам дека оваа вакцина е безбедна, така што секој во Гана без страв да одлучи да се вакцинира“, рече шефот на државата.

Ковакс склучи договори со производители за две милијарди дози во 2021 година и опција за купување на уште милијарда дози, а достапен е и механизам за финансиска помош од таа програма за 92 земји со ниски и средни приходи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе