Претседателот на Филипините одобри закон против сексуално вознемирување

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, познат по своите сексистички изјави, одобри закон според кој се казнуваат инциденти како што се дофрлување, свиркање на жени и други форми на сексуално вознемирување на јавни места.

Дутерте го потпиша законот „Безбедни простори“ на 17 април, тврдејќи дека „ја разбира потребата за таков вид на закон“, рече во вторникот портпаролот на претседателот, Салвадор Панело.

„Со оглед на фактот дека тој е одговорен за спроведување на законот во земјата, ќе бид прв кој ќе го почитува“, додаде тој, осврнувајќи се на сомнежите дека Дутерте може и нема да се придржува.

Со општествено корисна работа или затвор и парична казни ќе се казнуваат делата како пцуење, дофрлање непримерни коментари, свиркање, похотно одмерување и нападно зјапање, потсмевање, трансфобични, хомофобични и сексистички испади, неумерено раскажување на сексуални вицеви, употреба на сексуални имиња, коментари и барања.

Оние кои ќе бидат прогласени за виновни за сексуално самозадоволување на јавни места, ќе бидат казнети до шест месеци затвор и парична казна од најмалку 200 долари.

Дела како што се следење, допирање, штипење и триење исто така ќе се казнуваат со најмногу до шест месеци затвор и парична казна од најмалку 600 долари.

Дутерте, 74, е обвинет за повеќе такви дела.

Неколку недели пред да положи свечена заклетва како претседател во јуни 2016 година, свиркаше по една новинарка на прес-конференција во својот роден град Давао. Неговите настапи се паметат по сексистички изјави и шеги за силување.

Панело рече дека законот не се однесува на Дутерте бидејќи неговите изјави немале намера некого да навредат ниту директно биле упатени кон некого.

„Неговите шеги се со цел да ги насмеат луѓето, а не да ги навредат“, рече тој.

„Ако ги слушнете неговите шеги, навистина ќе се насмеете. Публиката се смее од срце. Тоа не е непримерно“.

Панело истакна дека Дутерте ги почитува жените и „негативно се однесува“ кон луѓето кои ги навредуваат.

„Ако претседателот го прекрши законот на било кој начин, може за тоа да го тужи било кој“, додаде тој. „Никој не е над законот, па ни самиот претседател, што самиот секогаш ни кажува“, заклучи Панело.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе