Претседателот на Бразил, Болсонаро, позитивен на коронавирусот

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, добил позитивен тест на коронавирусот.

Тој го направил својот четврти тест во понеделникот откако добил симптоми, меѓу кои и висока температура.

Болсонаро постојано ги критикуваше ризиците што ги претставува вирусот, нарекувајќи го „мало грипче“ и велејќи дека тој нема да биде сериозно погоден од него.

Тој, исто така, ги повика регионалните гувернери да ги укинат забраните, за кои рече дека ѝ штетат на економијата и во понеделникот ги ублажи регулативите за носење маски за лице.

Во април рече дека дури и ако се зарази со вирусот, „нема да бидам загрижен бидејќи нема да чувствувам ништо, во најлош случај ќе биде како мал грип или мала настинка“.

Кога го кажа тоа, бројот на смртни случаи поврзани со ковид-19 сè уште беше под 3.000, а бројот на заразени беше околу 40.000.

Но бројките од тогаш станаа вртоглави. До понеделникот, бројот на починати беше над 65.000, а заразените беа над 1,6 милиони, на второ место веднаш зад Соединетите Држави.

И покрај зголемувањето на бројките, претседателот Болсонаро тврди дека регионалните карантини имаат поштетен ефект од самиот вирус и ги обвини медиумите за ширење паника и параноја.

Тој присуствуваше на голем број јавни настани без маска, дури и кога локалните правила наложуваа да ја носи.

Во неделата министерот за надворешни работи Ернесто Араужо на социјалните мрежи објави фотографија на која седи со претседателот Болсонаро и другите што присуствувале на прославата на Денот на независноста во амбасадата на САД во Бразилија.

Никој од оние што се на фотографијата не носи маска и не одржува социјално растојание.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе