Претседателот на Белорусија им порача на луѓето да пијат вотка: „Тука нема вируси“ (ВИДЕО)

Белоруското фудбалско првенство продолжи и викендов и покрај пандемијата на коронавирусот која го парализираше светот.

Белоруската лига е единствената европска лига во која сѐ уште се игра фудбал, а викендов беше одиграно второто коло.

Белорусија во моментов има помалку од 100 случаи на заразени со вирусот ковид-19, а мртви засега нема во државата со 9,5 милиони жители.

Повеќето европски земји се во карантин, но белорускиот претседател Александар Лукашенко не е загрижен. Тој дури на граѓаните им предложи да пијат вотка за да се борат против болеста.

„Апсолутна глупост е да се затворат државните граници. Паниката може да ни наштети повеќе од самиот вирус“, кажа Лукашенко.

Тој предложи наместо паника неговите граѓани да пијат вотка, два пати неделно да одат во сауна и да продолжат да работат на своите фарми бидејќи „тракторот може сѐ да излечи“.

„Подобро е да се умре стоејќи отколку да се живее на колена“, изјави тој вчера за локална телевизија по хокеарски натпревар. „Тука не авируси. Не ги гледам“, кажа Лукашенко.

Во Белорусија досега се забележани 94 случаи на зараза со коронавирусот.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе