Претседателот на Албанија ги одложи изборите, премиерот не прифаќа

Претседателот на Албанија Илир Мета ги одложи за 13 октомври локалните избори, првично закажани за во недела 30 јуни, откако опозицијата најави дека ќе ги бојкотира.

Мета пред да го издаде указот за одложување на изборите се сретнал со лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, со претставници на малите партии од десницата и со дел од амбасадорите на земјите од ЕУ во Тирана, пренесуваат албанските медиуми.

Тој вчера ги критикуваше функционерите на државната изборна комисија поради одлуката да се одржат локалните избори кои тој претходно проба да ги откаже.

Предупреди дека преговорите за прием на Албанија во Европската Унија нема да почнат ако Албанија во недела одржи избори без опозицијата која ги бојкотира и додаде дека избори без опозицијата би биле недемократски.

Албанската опозиција протестира од средината на февруари со тврдења за наместени избори и поврзаност на владата со организираниот криминал. Владата ги отфрла обвинувањата.

„Нема да има избори без опозицијата. Изборите нема да бидат дозволени, резултатите нема да бидат прифатени, нема да бидат признати“, кажа лидерот на Демократската партија Баша во вторникот и предупреди дека активисти ќе го спречуваат гласањето ако тоа се случи во недела.

Премиерот Еди Рама, пак, го отфрли одложувањето истакнувајќи дека „30 јуни е единствениот датум за изборите“, според првичниот план.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе