Претседателот Мета решението на политичката криза во Албанија го гледа само преку регуларни избори

Претседателот на Албанија Илир Мета кажа дека само преку регуларни избори може да биде надмината долгата политичка криза во таа земја.

Мета, коментирајќи ги локалните избори во земјата одржани на 30 јуни, на кои учествуваше само владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, кажа дека само преку регуларни избори може да се надмине кризата.

Тој во интервју за италијански Ил џорнале истакна дека донел указ за одложување на локалните избори во Албанија од 30 јуни за 13 октомври, бидејќи во спротивно бил неизбежен судир меѓу политичките фракции.

„Да не го усвоев указот со кој претходно закажаните избори на 30 јуни ги одложив за 13 октомври, што не е случаен датум бидејќи за процесот на пристапувањето на Албанија и Македонија во ЕУ ќе се дискутира на 18 октомври, судирот меѓу политичките фракции би бил неизбежен“, изјави Мета.

Тој истакна дека премиерот Еди Рама не сфатил дека одржувањето локални избори без учество на опозицијата претставува проблем за почетокот на преговорите со ЕУ.

„Изборите во јуни не беа ни уставни, ни легални, ни легитимни. Само уставниот суд може да оспори указ на претседателот на државата и тажно е што моите активности се блокирани со волјата на албанскиот премиер Еди Рама“, истакна тој.

Албанија се наоѓа во повеќемесечна политичка криза откако обединетата опозиција на чело со Демократската партија на Љуљзим Баша излезе од парламентот и ги продолжија политичките активности преку масовни протести.

Албанската опозиција одби да учествува и на локалните избори на 30 јуни на кои учествуваше владејачката партија на Рама која освои 61 од вкупно 62 општини во земјата.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе