Претседателката на косовскиот парламент: Србија спроведува етничко чистење на Албанците

Претседателката на парламентот на Косово Вјоса Османи ја обвини Србија дека спроведува систематско етничко чистење на Албанците од југот на земјата.

Османи на Фејсбук наведе дека според пописот на населението од 2011 година во Медвеѓа живееле 7.438 Албанци, а дека сега, како што тврди, проценува дека има само 600 Албанци, иако нема официјални статистички податоци.

„Ова систематско намалување на бројот на албанското население во Медвеѓа не е случајно“, наведе Османи и додаде дека Албанците поради, како што тврди, „немањето основни човекови права на јазик, образование, право на работа и постојаниот притисок на српскиот режим, без право да се жалат“, биле принудени да бараат подобри услови за животот на своите семејства.

Таа тврди дека истите проблеми ги имаат Албанците и во Бујановац и во Прешево и дека поради тоа реагирале разни организации за човекови права во Србија и во Странство, пренесува Косово онлајн.

„И покрај честите повици за помош на албанските активисти нивните барања остануваат без одговор. Косово повеќе не може да молчи. Прашањето на Албанците и човековите права во Прешевската долина мора да се решава во земјата и во странство. Државата која активно се занимава со етничко чистење, иако со „софистицирани“ методи, не заслужува членство во ЕУ“, наведе Османи.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе