Претседателката на Косово: Вучиќ се обидува да го дестабилизира Косово со Путинови методи

Претседателката на Косово Вјоса Османи се осврна на вчерашните тензии со Србија откако владата донесе одлука за отстранување на српските регистарски таблички на автомобилите.

Фото: ЕПА

Косовската влада синоќа на барање на САД го одложи спроведувањето на мерката за отстранување на српските регистарски таблички од автомобилите и поништување на српските лични документи. Одложувањето на таа мерка дојде по силната реакција на Белград, која Османи ја коментираше.

„Мерката реципроцитет не е насочена против никого, туку е во корист на граѓаните без разлика на нивната национална припадност. Затоа ги повикувам српските граѓани во Република Косово да не потпаѓаат под влијание на белградската пропаганда“, рече Османи.

Претседателката истакна дека косовската полиција и сите државни безбедносни институции работат на овозможување слобода на движење и обезбедување владеење на правото.

„Ние се координираме и работиме неуморно со нашите меѓународни партнери. Обидите на Вучиќ да го дестабилизира Косово користејќи ги методите на својот ментор Путин ќе пропаднат“, напиша Османи на Фејсбук.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе