Претседателката на Косово: Одлуката на Србија да не воведе санкции кон Русија е лоша за целиот регион

Вјоса Османи, претседателката на Косово рече дека се надева оти на средбата на лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе се слушне јасна порака за европската перспектива на регионот од сите членки на ЕУ. Таа рече и дека Србија не покажала волја да се договори со ЕУ кога се во прашање санкциите против Русија.

Фото: ЕПА

„Демократските земји од Западен Балкан, оние кои покажаа дека ги споделуваат вредностите на Унијата треба да напредуваат во процесот на европска интеграција“, изјави Османи на новинарите по пристигнувањето на самитот во Брисел.

Османи рече дека Косово го поддржува доделувањето статус за членство на Украина и Молдавија, а ги поддржува и Албанија, Северна Македонија и сите демократски земји од Западен Балкан во преговорите со ЕУ.

Косовската претседателка порача дека оние кои имаат намера во исто време да бидат на европскиот пат и на патот по кој чекори Путин, треба да се откажат од ЕУ.

„Србија не покажа волја да се договори со ЕУ кога се во прашање санкциите против Русија по инвазијата на Украина. Таквата одлука е лоша за целиот регион“, рече Османи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе