Претседателката на Европската комисија за вакцините: Да, погрешивме, бевме премногу бавни

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во средата ги призна грешките на Брисел во процесот на одобрување и вакцинирање на населението во Европската унија против ковид-19, но ги бранеше основните принципи и рече дека блокот научил лекција.

Фото: ЕПА

Обраќајќи им се на членовите на Европскиот парламент, лидерката на европската влада одговори на критиките за пребавната вакцинација и првичната, последователно повлечена одлука на Брисел за воспоставување цврста граница меѓу Ирска и Северна Ирска за извозот на вакцини, што го осудија Лондон и Даблин.

Фон дер Лајен рече дека се доставени 26 милиони дози на вакцини и дека до крајот на летото 70 проценти од возрасната популација во 27 земји-членки на ЕУ треба да бидат вакцинирани.

„Факт е дека денес не го постигнавме она што го сакавме во борбата против вирусот“, рече таа во обраќањето пред европратениците.

„Доцневме со одобрувањето. Бевме премногу оптимисти, ги потценивме тешкотиите во масовното производство. Можеби бевме премногу сигурни верувајќи дека нарачките ќе бидат доставени на време“, рече таа.

Фон дер Лајен, исто така, призна грешки поради првичната забрана за извоз на вакцини, што наскоро беше исправено.

„Длабоко жалам поради тоа“, рече Фон дер Лајен и додаде дека Комисијата ќе стори сè што може за да го заштити мирот во Северна Ирска.

Избегнувањето на тврда граница меѓу Ирска, членка на Европската унија и Северна Ирска, која е дел од Велика Британија, земја што ја напушти Унијата, е клучно за заштита на мировниот процес.

Обраќајќи им се на европратениците, Фон дер Лајен го бранеше процесот на одобрување на вакцината за европскиот блок.

„Не може да има компромис кога станува збор за внесување биолошки активни супстанции во здрава личност“, рече таа.

„Три до четири недели дополнително време потребно за процесот беше клучна инвестиција во довербата на јавноста, дури и со забавување на европската кампања на вакцинација“, рече претседателката на европската комисија.

Би било нечесно и „економски лудо“ за единствениот пазар на ЕУ кога гарантираните дози би ги добиле само неколку големи земји-членки.

ЕУ ќе започне нова мрежа на клинички испитувања за да им помогне на регулаторите побрзо да добиваат повеќе податоци, најави претседателката на ЕК.

„Европската комисија ќе формира работна група за зајакнување на производството на вакцини“, рече таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе